АМСМ услуги - помош на пат

Новости


where can i buy naltrexone online

buy naltrexone 3mg website

abortion pill

abortion pill cost cvs go

diovan

diovan inovina.com

lexapro and weed

lexapro and weed read
зимска опрема

06.11.2014 15:47:00


Од 15 ноември 2014 годинa стапува во сила законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема на моторните возилата.


Според Членот 404 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата од 03.05.2007 год.:

(1) Моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќајот на пат надвор од населено место, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. 
(2) Униформираниот полициски службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема, согласно со ставот (1) од овој член
(3) Униформиран полициски службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема. 
(4) Глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност, во мандатна постапка, согласно со одредбите на овој закон, ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член. 

Според Правилнкот за задолжителна опрема во возилото од 03.03.2010, под зимска опрема се подразбира : 1.9 Зимска опрема Член 11

(1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира: 
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm. 
- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. 

(2) Како зимска опрема за моторни возилата со погон на четири тркала (4 х 4) се подразбира: 
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm. 
- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина. 

(3) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира: 
- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm. 
- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. 
- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и
- прирачен алат – лопата. 

(4) Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. 

(5) Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.


Во тек е усвојувањето на Предлог Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, во кој се менува ставот (1) од Членот со кој се регулира употребата на зимска опрема :

(1) Моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Со тоа зимската опрема ќе биде задолжителна и во населени места.

Навремено ќе ве информираме кога новиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата ќе стапи на сила .