АМСМ услуги - помош на пат

Новости


buy generic venlafaxine

buy venlafaxine online uk

claritin

claritin

cordarone

cordarone
нов режим на сообраќај

27.04.2015 14:16:13

Според информацијата од ЈП за државни патишта, од понеделник, 27.04.2015 година, 12 часот на клучките Петровец и Катланово ќе биде во функција нов режим на сообраќај. Измените во рамките на сообраќајот се следни:

1. Клучка Петровец:
• Исклучувањето и приклучување на автопатот А4 кон и од Петровец, на патниот правец Скопје – Велес, ќе се врши пред наплатна станица Петровец.
• Исклучувањето и приклучувањето на автопатот А4 кон и од Петровец, на патниот правец Велес – Скопје, ќе се врши после наплатна станица Петровец.

2. Клучка Катланово:
• Исклучувањето од автопатот А1 кон Катланово, на патниот правец Скопје – Велес, ќе се врши по постоечкиот крак за исклучување. Приклучувањето на автопатот А1 од Катланово кон Велес се забранува, односно се затвара кракот за приклучување на автопатот А1, во правец кон Велес.
• Исклучувањето од автопатот А1, од Велес кон Катланово, на патниот правец Велес – Скопје, се забранува, односно се затвара кракот за Катланово. Приклучувањето кон автопатот А1, од Катланово кон Скопје, ќе се врши по постоечкиот крак за приклучување.

Се известуваат корисниците на автопатот дека сите возила кои поминуваат низ наплатна станица Петровец треба да плаќаат патарина, освен возилата кои се ослободени од плаќање патарина согласно Законот за јавните патишта.

Возилата кои нема да платат патарина ќе бидат третирани како возила кои одбиле да платат патарина и за нив ќе бидат применети казнените одредби од Законот за јавните патишта.