АМСМ услуги - помош на пат

Новости


Abortion Pill Philippines

abortion pill online philippines aaronnush.com abortion pill cost philippines

lexapro and weed trip

lexapro and weed anxiety bitdebris.com lexapro and weed safe

buy abortion pill

buy abortion pill tecomed.es

zyrtec

zyrtec labradoodle.nu

buy naltrexone without prescription

buy naltrexone

am i fat or pregnant quiz

am i pregnant quiz
новиот Закон за бебедност во сообраќајот

15.10.2015 14:22:39
На 07.10 стапи на сила новиот Закон за бебедност во сообраќајот.

Освен промена на висина на глобите кај одделни прекршоци, има и некои измени во прописите кои сакаме да ви ги посочиме:


Нагли измени на брзината на движењето -

Член 34
(1) Возачот не смее да го менува начинот на управување со возилото со нагло намалување или зголемување на брзината на движењето и да го стартува возилото постигнувајќи притоа горна граница над дозволениот број вртежи на моторот, односно пролизгување на погонските тркала, освен во случај на непосредна опасност.
(2) Возачот кој е со намера значително да ја намали брзината на движењето на возилото, е должен тоа да го стори, освен во случај на непосредна опасност, на начин со кој нема да го загрозува или во поголема мера да ги попречува другите возачи што се движат зад него, како и да ги предупреди тие возачи за својата намера со вклучување на стоп-светлото или со давање на соодветен знак со раката.
(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (2) на овој член.

Максимална брзина на движење во населено место –

Член 35
(1) На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 km/h, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, на јавен пат во населено место, чии сообраќајно-технички елементи тоа го овозможуваат, може со сообраќаен знак да се дозволи движење со возило и со брзина поголема од 50 km/h, но не поголема од 70 km/h.

Запирање односно паркирање до некои објекти -

Член 66
(1) Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да запре или паркира возило особено: - на обележан пешачки премин, како и на премин на велосипедска патека преку коловозот и на оддалеченост помала од десет метри од тие премини, - на премин на патот преку железничка или трамвајска пруга во исто ниво, - на железнички или трамвајски пруги и во близината на тие пруги, ако со тоа се спречува сообраќајот на возилата што се движат по шини, - на крстосница и на оддалеченост помала од десет метри од најблискиот раб на напречниот коловоз, - на мостови, во подвозници, на надвозници како и на растојание помало од петнаесет метри од мостови, тунели, подвозници и надвозници, - на дел од јавен пат во близина на врв од преслап и во кривина, каде што прегледноста на патот е недоволна и каде што обиколување на возилото не би можело да се изврши без опасност, - на дел од јавен пат, каде ширината на слободниот премин од запреното или паркираното возило до полната надолжна линија на коловозот или до некоја пречка на патот би била помала од три метри, односно до спротивниот раб на коловозот би била помала од четири метри, - на место на кое возилото би го засолнувало поставениот сообраќаен знак или уредот за давање светлосни сообраќајни знаци, - на велосипедска патека, односно лента, - на тротоар, односно пешачка патека, ако тоа не е изречно регулирано со сообраќаен знак. Ако е дозволено паркирање, односно запирање, задолжително треба да се остави најмалку 1,6 метри ширина на површината за движење на пешаци, со тоа што таа површина не може да биде покрај работ на коловозот, - на дел од коловозот, кој како стојалиште за возила на јавниот сообраќај е обележан со ознаки на коловозот, - на дел од јавен пат пред премин на пат преку железничка или трамвајска пруга во исто ниво и тоа на оддалеченост помала од 15 метри од тие премини, - на оддалеченост помала од 15 метри пред и зад знакот со кој е обележано стојалиште за возилата за јавен сообраќај, - пред влез во објект, двор или гаража, - на хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила и паркови, - над приклучок на водоводната мрежа или влез во канализација или друга мрежа на комуналните претпријатија, - на места предвидени за движење и паркирање на лица со посебни потреби, - на место каде паркираното возило би го оневозможило пристапот на друго возило, заради паркирање или излегување на веќе паркирано возило, - на плоштад, пешачка зона и противпожарен пат и - на паркинг место кое со дополнителна табла, сообраќаен знак или ознака на коловозот е обележано место за паркирање на возила за лица со посебни потреби.

Користење на светла -

Член 86
(1) Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот.
(7) Мандатен платен налог со глоба во износ од 15 евра дење, 35 евра ноќе во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член.

Превезување на деца во автомобил -

Член 164
(1) Во патнички автомобил, на предното седиште не смее да се превезува дете помало од 12 години, ниту лице кое очигледно е под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции.
(2) Во патнички автомобил на задното седиште, смее да се превезува дете помало од пет години, во поставено посебно детско седиште кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин.
(3) Во патнички автомобил на предното седиште, смее да се превезува дете до две години, ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење, при што истото е прицврстено на седиштето на возилото со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување.
(4) Детето од ставовите (2) и (3) на овој член треба да биде врзано со сигурносен појас од седиштето.
(5) Мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите од овој закон на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член.

Поседување на зимска опрема ( и во град) -

Член 361
(1) Моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.
(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.