АМСМ услуги - помош на пат

Новости


Зимска опрема

11.11.2015 11:21:06

Од 15 ноември 2015 годинa стапува во сила законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема на моторните возила.


Според Правилнкот за задолжителна опрема во возилото од 03.03.2010, под зимска опрема се подразбира: 1.9 Зимска опрема Член 11

(1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира: 
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm. 
- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. 

(2) Како зимска опрема за моторни возилата со погон на четири тркала (4 х 4) се подразбира: 
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm. 
- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина. 

(3) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира: 
- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm. 
- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. 
- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и 
- прирачен алат – лопата. 

(4) Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. 

(5) Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.