АМСМ услуги - помош на пат

Новости


buy abortion pill

abortion pill online usa

lopressor

lopressor

quiz am i pregnant

am i pregnant or ovulating quiz
Словенија ќе воведе засилени проверки на сите патници

31.03.2017 13:33:26


Според измените на Шенгенскиот граничен правилник, Словенија ќе воведе засилени проверки на сите патници на граничните премини на јужната граница. Систематична проверка на сите лица, вклучувајќи ги и граѓаните на Европската унија, ќе започнат на крајот на следната недела, на 7 април 2017 година.

Регулативата (ЕУ) 2017/458 на Европскиот парламент и на Советот од 15 март 2017 година на амандмани на Регулативата (ЕУ) 2016/399 во поглед на зајакнување на проверки според релевантни бази на податоци на надворешните граници, беше објавенa во Службен весник на Европската унија ( L 74/1), на 18 март 2017 година и се однесува на измена на Шенгенскиот граничен кодекс, кој ќе ги промени сегашните стандарди за вршење на граничните проверки, особено на граѓаните на Европската унија и други лица кои имаат право на слободно движење.

Ако досега беше доволно граничните полицајци да извршуваат основни контроли на овие патници, со брза и едноставна проверка на валидноста на патните документи, за истите патниците сега ќе се врши систематична гранична проверка според следниве бази на податоци: Шенген системот за информации (SIS), база на податоци за украдени и изгубени патни документи и националните бази на податоци за украдени, отуѓени, изгубени и оштетени патни исправи на Интерпол.

Полицајците ќе ги проверуваат патните документи на сите лица со посебни читачи, документ по документот при секое преминување на границата. Регулативата не предвидува никакви исклучоци од систематичната проверка. На граничните премини каде граничната контрола се врши во соработка со хрватските власти, истата постапка ќе се врши исто така од страна на хрватските полицајци.

Од оваа причина, контролните процедурите на границата ќе траат подолго и времето на чекање за да се премине од Словенија во Хрватска и боратно, на одредени гранични премини ќе се зголеми, особено за време на „ шпицевите“ (државни празници и туристичката сезона).

За да се избегнат непријатностите, на сите патници се препорачува :

• проверка на вашите документи, особено ако тие се отуѓени, изгубени или поништени во текот на последните две години. Ова е да бидете сигурни дека записите во национални и други бази на податоци се точни;

• Осигурајте се дека вашите патни исправи (лична карта, пасош) се важечки;

• информирајте се во врска со ситуацијата на граничните премини пред поаѓање;

• определете се за помалку прометните граничните премини во „шпицот“ или одберете денови и времиња за патување надвор од „шпицот“;

• избегнувајте патување во Словенија за време на викендите, освен ако имате сместувачки пакет, кој започнува и завршува на викендот,

• бидете трпеливи и следете ги инструкциите на полициските службеници на граничните премини и во внатрешноста.


Систематична проверка се воведува со цел да се спречат било какви закани за внатрешна безбедност и јавен ред на земјите-членки, без оглед на потеклото на таквите закани, поради што се вклучени и граѓаните на ЕУ. Воведувањето на проверката е предизвикано од феноменот на странски терористички борци, од кои многумина се граѓани на ЕУ. Промената, која ќе почне да се спроведува на 7 април 2017 година, ќе придонесе за ограничување на ризиците на влез или излез од ЕУ.

Иако словенечката полиција ќе ги употреби сите законодавни, инфраструктурни и кадровски ресурси за да се минимизира влијанието на измените и дополнувањата на законите, поради систематичната проверка ќе биде невозможно целосно да се избегне подолго време на чекање на границата.