АМСМ услуги - помош на пат

Новости


Извадете навремено Меѓународна Возачка Дозвола (МВД)

16.06.2017 10:04:08


Од 01 јули 2017год. барателите на МВД покрај лична карта, возачка дозвола и две фотографии, ќе треба да приложат и Потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.

Според Правилникот на МВР за формата и содржината на на обрасците на барањата за издавање на меѓународна возачка дозвола од 22.04.2016 год., апликантите за МВД ќе треба да пополнат Барање за издавање на МВД и да ги приложат горе спомнатите документи.