АМСМ услуги - помош на пат

Новости


lexapro and weed

lexapro weed and alcohol open lexapro weed

plavix

plavix beerotor.de

aromasin

aromasin recursosred.es
привремен сообраќаен режим

16.08.2017 15:23:27
Градот Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување градежни работи за асфалтирање на коловозот, во текот на наредните четири дена на улицата Тодор Александров и на околните улички ќе се воведе привремен сообраќаен режим. Имено, на 17 и на 18 август 2017 година (четврток и петок) во периодот од 8 до 17 часот ќе се асфалтира левата страна од улицата Тодор Александров, а етапно ќе бидат затворени за сообраќај попречните улици Белградска, Партение Зографски, Тасино Чешмиче, Славејко Арсов 1 и Славејко Арсов 2. На 19 и на 20 август 2017 година (сабота и недела) во периодот од 8 до 17 часот ќе се асфалтира десната страна на улицата Тодор Александров, а етапно ќе бидат затворени за сообраќај попречните улици Периша Савелиќ, Партение Зографски, Тасино Чешмиче и Славејко Арсов. Во текот на градежните работи, на терен ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот и доколку се во можност, во своето движење да ја користат околната патна мрежа.