АМСМ услуги - помош на пат

Новости


nifedipine equivalent

nifedipine princeps news.noerskov.dk nifedipine pommade
Србија -пресметка на брзина на автопатштата

04.09.2017 09:41:19


Во Србија од 04.09.2017 година започнаа со примена новите правила за пресметка на брзина на автопатштата. Не се менува границата на дозволената максимална брзина на движење, но контролата е различна. Возачите ќе бидат казнети врз основа на просечна брзина. Просечната брзина се пресметува според потребното време да се помине одреден дел од автопатот, од моментот кога се зема картичката за наплата на патарина, до моментот кога се наплаќа патарината. Оваа просечна брзина не смее да надминува 120 км / ч, согласно законот за безбедност во сообраќајот на Република Србија. Казната за домашните возачи ќе биде испратена на домашна адреса на граѓаните, додека странските државјани ќе бидат сопрени на лице местото, каде што ќе бидат известени за прекршок во согласност со пречекорената максимална брзина и за кои ќе се води прекршочна постапка или ќе им биде изречена парична казна на самото место. Странските државјани ќе можат да ја платат оваа глоба на самото место.

Предвидени казни:
1. 121-140 км / ч - 3.000 динари
2. 141-160 км / ч - 5.000 динари
3. 161-180 км / ч - 6.000 - 20.000 динари, три казнени поени и одземање на возачката дозвола од најмалку 30 дена
4. 181-200km / h - 15.000 - 30.000 динари или затвор до 30 дена, шест казнени поени и одземање на возачката дозвола за најмалку три месеци
5. 201+ - 100.000-120.000 динари, најмалку 15 дена затвор, 14 казнени поени, одземање на возачката дозвола за најмалку осум месеци.

Доколку се вози според прописите, точно се знае за колку време со максимална дозволена брзина може да се пристигне од точката А до точката Б:
- Хоргос - Прешево (537 км): 4 часа, 16 минути
- Радинска рампа на Врчин - рампа за наплата на патиштата Ниш (205 км): 1 час, 42 минути
- рампа Врчин - Прешевска рампа (359 км): 3 часа
- Шимановци - Шид (85 км): 42 минути
-Лиг - Прељина (40 км): 20 минути