АМСМ услуги - помош на пат

Новости


Викенд забрана за движење на возила на патот

20.11.2017 09:03:20


Забрана за движење на возила на патот до Средно Водно ќе се воведе од 25 и 26 ноември 2017 година.

Оваа забрана ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

Забраната се планира да важи за време на викендите (сабота и недела) и за време на државните празници, од 9 до 16 часот.

Оваа забрана нема да се однесува на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија.

Подетално на официјалниот портал на Град Скопје:
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=9791&mid=482&tabId=