АМСМ услуги - помош на пат

Новости


Словенија - од 1-ви април електронска наплат

26.03.2018 09:46:10

Словенија од 1 април 2018 година ќе воведе електронска наплата на патарина за возила со максимална маса која надминува 3,5 тони (тешки возила), наречен систем DarsGo.

Секој DarsGo уред е персонализиран за одредено возило. Ова значи дека клучните информации се запишуваат на него: регистерски број на возилото, ЕУРО-класа на емисија и број на оски на влечното возило. Користењето на уредот во друго возило е строго забрането и се казнува. Серискиот број на уредот DarsGo мора задолжително да одговара на регистарскиот број на возилото, во спротивно тој нема да биде препознаено од страна на порталите за патарина и наплатата нема да се наплати.

Системот DarsGo обезбедува неколку различни при-пејд начини на плаќање за користење на патарина.

По воведувањето на електронската наплата на патарина, постепено ќе се отстранат наплатните станици на словенечката автопатска мрежа. До нивното отстранување, сепак, тешките возила на наплатните станици со повеќе ленти се уште ќе треба да поминуваат низ посебна лента.

Повеќе информации можете на најдете на сајот на АМЗС : https://www.amzs.si/motorevija/mobilnost/promet/2018-03-12-corporation-to-the-author-brez-zaustavljanja.