АМСМ услуги - помош на пат

Новости


ПАТАРИНИ ВО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА

04.01.2019 09:56:02


Бугарија

Од 01 јануари, патарината на бугарските патишта се плаќа со електронска вињетка (Е-Винетка), со што повеќе ќе нема потреба да се лепат налепници на ветробранското стакло. Старите налепници се важечки до истекот на нивниот рок.
Електронските вињетки не можат да се купат на граничните премини. Можат да се купат преку веб-страницата bgtoll.bg, преку мобилна апликација, 500 терминали за самопослужување лоцирани во бензинските пумпи, како и во регионалните испостави за патарина, каде може да се плати во готово.
Цената на налепниците останува иста и може да се купи за викенд, неделна, тримесечна и годишна вињетка. Новина е што се воведува викенд вињетка која чини 10 лева и ќе важи од петок на пладне до недела на полноќ.
Плаќањето може да се изврши со кредитна или дебитна картичка, а преку сајтот е можен и трансфер на средства од банка. Системот овозможува е-вињетката да биде активирана со датум најмногу до 30 дена од моментот на купувањето, а автоматски се пресметува крајниот датум за валидност на вињетката. По добивањето на идентификациски број на трансакција за купена вињетка, клиентот може да преземе потврда или да внесе маил адреса, на која ќе му биде испратена.

Иако Вињетатка нема потреба да се испечати, ниту да се носи во автомобилот или да се покажува на контролните органи сепак препорачуваме да се поседува испечатена потврда.
Контрола дали е платена патарината ќе се врши со возила на т.н. полиција за патарина, кои се опремени со специјална опрема која го снима и скенира бројот на автомобилот и ќе сигнализира ако возачот ја нема платено давачката за користење на патиштата. Бугарската Агенција за патишта веќе има активни 105 вакви автомобили. Во Софија тие се поставени на четири пункта, на влезовите во главниот град од автопатите „Тракија“ и „Хемус“ и во Владаја и во Божуриште.
Казната за возење без вињетка е 300 лева.

Грција

Најавеното зголемување на цените на патарините на автопатот во северна Грција, кое требаше да стапи на сила на 1 јануари, е одложено бидејќи не доби одобрување од Европската комисија.
На автопатот „Егнација” кој води од Игуменица, на Јонското Море, преку Солун до турската граница според одлуката на грчката влада требаше да се зголемат цените на патарините за 66 до 150 проценти.