АМСМ услуги - помош на пат

Новости


Лични документи (лични карти и пасоши) за времетраење на вонредната состојба и корисни информации за патување во странство

05.05.2020 10:54:08


Владата донесе уредба која има сила на закон, за продолжување на важноста на лични документи (лични карти и пасоши), на кои им истекол рокот на важноста, за времетраење на вонредната состојба воведена поради коронавирусот.

Откако ќе заврши вонредната состојба, граѓаните ќе имаат рок од 30 дена да ги обноват документите чија важност поминала. Работното време за вадење лични документи е секој работен ден од 8 до 16 часот , а може да се аплицира преку телефонскиот број 072 92 92 92 или електронски, преку интернет страницата на МВР.

Корисни информации (совети) за патување во и од странство можете да најдете на страницата на Министерството за надворешни работи на адреса: https://www.mfa.gov.mk/