АМСМ услуги - помош на пат

Новости


Целосно отворање на сите гранични премини од 26 јуни

24.06.2020 08:10:08


Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на Република Северна Македонија на 72-ра седница донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

Владата донесе одлука да од 1 јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и aеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни.

Извор: Влада на РСМ - https://vlada.mk/node/21869

ДОПОЛНУВАЊЕ ОД 09.07.2020: Владата на Република Северна Македонија донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, при влез на граничен премин на територијата на Република Северна Македонија, ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот.

Дополнувањето на одлуката стапува на сила од 9 јули.