АМСМ услуги - помош на пат

Новости


Задолжителен ПЦР тест за влез на македонски државјани во Косово

14.07.2020 07:30:05

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина. Тестот е со цел да се докаже дека лицето што влегува во Косово не е заболено од ковид-19, а тој не смее да биде постар од 72 часа.

Доколку граѓаните од овие три земји слетаат на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина, тие не треба да приложат негативен тест, но се обврзани да потпишат изјава дека во рок од три часа ќе го напуштат Косово.  

Од оваа обврска се ослободени превозниците што влегуваат во Косово и странските дипломати и нивните семејства, како и државјаните на трите земји, кои имаат и косовско државјанство и живеалиште во Косово.