АМСМ услуги - помош на пат

Новости


Нови услови за патување во Словенија

26.12.2020 15:31:48


На 23.12.2020 година,  Владата  на Република Словенија усвои Одлука  со која се утврдуваат условите за влез во Република Словенија заради ограничување на заразната болест КОВИД-19 , во сила од 25 декември 2020 до 4 јануари 2021 година.

Според односната одлука, влезот во РС од земјата на црвената листа без упатување на карантин дома или без доставување на негативен резултат од тестот за присуство на вирусот САРС-КоВ-2 е дозволен само за седум исклучоци, имено:

1. Прекуграничен дневен економски мигрант кој има работен однос во една од државите-членки на ЕУ или друга држава од Шенген зоната, за што има доказ, односно, со потпишана изјава ја докажува причината за преминување на границата како дневен економски мигрант и се враќа во рок од 14 часа по преминување на границата;

2. Лице упатено да извршува задачи во меѓународниот сектор за транспорт или за него;

3. Лице кое врши транспорт на стоки или лица во или од Р. Словенија во комерцијален сообраќај, како и за товарен и патнички сообраќај во транзит и ја напушта Р. Словенија во рок од 8 часа по преминувањето на границата;

4. Лице кое патува транзит низ Р. Словенија и ја напушта не подоцна од 6 часа по влегувањето;

5. Претставник на странски безбедносен орган (полиција или правосудство) кое извршува службена задача и ја напушта Р. Словенија што е можно поскоро по завршувањето на задачата;

6. Лице, кое е донесено во Р. Словенија со возило на брза помош или санитетско возило, и придружниот медицински персонал во тоа возило;

7. лице со дипломатски пасош;

 Не важат повеќе исклучоците поради вклучување во воспитание и образование; од итни деловни причини; поради планиран итен медицински преглед или интервенција; влез на сопственик или закупец на земјиште во пограничната област или од двете страни на државната граница; поради одржување контакт со членови на потесно семејство; поради пристап до продавници или услуги во соседна земја. Во овие случаи, е потребно да се направи негативен тест, во спротивно лицето ќе биде испратено во карантин.

Исклучок од упатувањето во карантин останува поседувањето негативен резултат од тестот не постар од 24 часа и извршен во земјите-членки на ЕУ или во Шенген зоната. Се земаат предвид само тестовите извршени со методот PCR.

Согласно новата Одлука, Република Северна Македонија останува на списокот на држави од црвената листа, така што лицата што доаѓаат од овие држави при влез во Република Словенија ќе бидат испратени во домашен карантин или треба да достават негативен резултат од тестот за присуство на  SARS-CoV-2 .

Одлуката повеќе не утврдува зелена (епидемиолошки безбедни земји) и портокалова листа (епидемиолошки помалку безбедни земји). За сите земји кои не се експлицитно наведени на црвената листа, се смета дека не постои голем ризик од инфекција кај нив и лицата кои доаѓаат од овие земји или административни единици на земји можат да влезат во Република Словенија без да бидат испратени во домашен карантин и без презентирање негативен резултат од тестот за присуство на  SARS-CoV-2 .

Извор: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/covid-19