АМСМ услуги - помош на пат

Новости


Влез во Црна Гора без PCR test

13.01.2021 12:31:18


Врз основа на актуелната состојба со вирусот COVID 19, министерството за здравство на ЦГ, донесе нови епидемиолошки мерки кои важат од 12 јануари 2021 година до 26.01.2021 година и според кои ги промени условите за влез во Црна Гора:

· ВЛЕЗ ВО ЦРНА ГОРА- СТРАНЦИ

Странци со постојан или привремен престој во Црна Гора, како и странци, слободно без тестови за COVID 19, можат да влезат во Црна Гора преку сите гранични премини, со почитување на пропишаните здравствени мерки, во согласност со здравствените препораки за заштита на здравјето на Институтот за јавно здравје на Црна Гора;

Здравствените препораки може да се преземат на следната интернет адреса:

https://mzd.gov.me/ResourceManager/FileDownload.aspx?rid=422471&rType=2&file=Obavje%C5%A1tenje%20-%20zdravstveno%20upozorenje%20IJZCG%2011.01.2021.pdf

Исто така во прилог е страната на Владата на ЦГ на која се наоѓаат комплетно ажурираните најнови мерки и препораки на Министерството за здравство на Црна Гора, со цел сузбивање на пандемијата предизвикана со COVID 19.

https://www.gov.me/vijesti/237460/Vazece-mjere-i-poruka-gradankama-i-gradanima-za-predstojece-praznike.html

Превземено од сајтот на МНР https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/covid-19