АМСМ услуги - помош на пат

Новости


Влез во Србија без PCR тест

14.01.2021 14:01:57


Усвоени се измени од 13 јануари 2021 година на Уредбата Владата на Република Србија и на Упатството на Министерството за здравство на Република Србија за начинот на примена на ограничувањата за влез во Република Србија за лица кои доаѓаат од држави опфатени со епидемијата од COVID-19 од 15 декември 2020 година.

Имено, согласно последните измени (клучни сегменти се за македонските граѓани):

- за странските државјани кои во Србија доаѓаат од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Црна Гора не е потребен негативен PCR тест;

- за странските државјани кои во Србија имаат одобрен привремен престој или постојано живеалиште, а доаѓаат од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Црна Гора не е потребно исполнување на мерката карантин во домашни услови во траење од 10 дена; и

- за лицата кои во Србија доаѓаат од Соединетите Американски Држави се признава и негативен Антиген FIA Rapid тест, наместо негативен RT-PCR тест.

Останатите мерки пропишани со Уредбата Владата на Република Србија и на Упатството на Министерството за здравство на Република Србија за начинот на примена на ограничувањата за влез во Република Србија за лица кои доаѓаат од држави опфатени со епидемијата од COVID-19 од 15 декември 2020 година остануваат непроменети.

Наведените измени стапуваат на сила од 14.01.2021 година.

Линк од измените: http://www.pravno-informacioni-sistem.rs/SlGlasnikPortal/eli/rep/sgrs/ministarstva/uputstvo/2020/151/1/reg

Превземено од сајтот на Министерство за надворешни работи : https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/covid-19