АМСМ услуги - помош на пат

Новости


Најнови измени во постапката за издавање на Меѓународна возачка дозвола

12.07.2017 13:46:17


Потврдата од МВР за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило ќе се издава од страна на МВР во АМСМ.

Ве известуваме дека согласно најновите измени во постапката за издавање на Меѓународна возачка дозвола, потребната Потврда од МВР за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило, од денес, 12.07.2017 година, ќе се издава од страна на МВР во АМСМ.

Оттука, Меѓународната возачка дозвола ќе можете да ја извадите во работно време на шалтерот на МВР во АМСМ т.е од 07-:00-19:00ч од понеделник-петок и од 08:00-15:00ч во сабота или 24/7 во АМСМ Скопје-Центар доколку веќе ја поседувате потребната потврда од МВР за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.

Повеќе за потребните документи за издавање на меѓународни документи за патување во странство можете да прочитате ТУКА .