АМСМ услуги - помош на пат

дневни информации
28.07.

петок, 28 јули 2017 01:21:00

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ЗА ТТВ: Од 01.07.2017 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. (ПОДЕТАЛНО)

ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ:
Замена на електричен кабел од далновод над Автопат А1/Е75 на км 82+000.00 делница клучка Велес Југ – клучка Градско, при што во период од 15 - 17 часот, денеска 27.07.2017 сообраќајот ќе биде пренасочен по стариот регионален пат, од каде се враќаат на автопат

Поставување канделабри на делница Хиподром - Кадино, при што левата сообраќајна лента ќе биде затворена во времетраење од 3 (три) месеци

На патниот правец Неготино - Демир Капија, на делот од Неготино до м.в. Острово , сообраќајот ќе се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

Вијадукт Трејд - ДООЕЛ, известува дека во Неготино временото решение е изменето и возилата ќе се исклучуваат од магистралниот пат на регионалниот пат (Р - 1102) кај клучката Тремник, каде до Демир Капија ќе се вози по регионалниот пат.

Исто така информира дека од 27.06. ќе се изведуваат градежни активности околу 1 (еден) месец на клучка Илинден и клучка Врапчиште.

РАБОТИ НА ПАТ:

Виадукт Трејд на 17.07.2017 известува дека ќе се изведуваат градежни активности, реконструкција на десната страна на коловозот, со времетраење од 6 (шест) месеци од Граничен премин Богородица до клучка Гевгелија во должина од 5км.

Компанијата Ескалатори МК дооел – Скопје известува дека ќе ги изведува градежните работи за Рехабилитација на сообраќајна возна лента на државен пат А1, делница Велес (Штипска клучка) – Градско и Градско – Велес (Штипска Клучка). Сообраќајот ќе се одвива под одобрен изменет режим во период од 17.07.2017 год. до 31.12.2017 год.

ГД Гранит информира дека од 27.06.2017 година се започнува со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Гостивар - Кичево (делница Гостивар до с.Колари) во должина од 28,5 км. Се работи на изведување рехабилитација на асфалтниот коловоз).
Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори.
Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.

Илинден А.Д. Струга известува дека ќе има времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека - Песочани) . Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента, во должина од 2,5км. Измената започнува на 02.06.2017 од 15:00 часот, а ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево – Охрид (Пресека - Песочани).

Виадукт Трејд на 11.05 известува дека ќе се изведуваат градежни активности - електрично осветлување околу 6 месеци, на клучка Белви на автопат А2 Е65, делница Хиподром - Миладиновци.

На патниот правец А3 Прилеп – Битола - Ресен на обиколницата кај Битола од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува низ градот Битола.

Илинден А.Д. Струга известува дека ќе има времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека - Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498. Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента. Измената започна на 18.04.2017, а ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево – Охрид (Пресека - Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско - Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

ДГ Бетон АД известува дека поради изведбата на градежни работи на магистрален пат А4, Делница клучка Кадино-клучка Хиподром од км. 4+230 до км. 9+330 сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај, почнувајќи од 03.04.2017 и во траење од 3 месеци. Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

На 07.03.2017 година започнаа да се изведуваат градежни активности и електромонтажни работи на дел од магистрален пат А2, делница Тетово – Скопје, клучка Сарај. Активностите се реализираат во период од 07:00 до 17:00 часот. Потребна е зголемена внимателност и придржување кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

ДГ Бетон АД Скопје извести дека почнувајќи од 27.02.2017год., поради градежни работи на магистрален пат А2, Делница Гостивар-Кичево по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

Градежната компанија Трансмет Доо Скопје изведува градежни работи за реконструкција на државен пат А2, делница: Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Од 27.04.2016 е воведена промена на времена измена за режим на сообраќај согласно Одобрението од Министерство за транспорт и врски на Република Македонија на 26.04.2017 година.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе - Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204.
Од 12.04.2017 има пренасочување на сообраќајот на делница Клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат Р526 на магистрален пат А3 и обратно до Клучка кај село Три чешми по ново изградената десна коловозна лента.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.





СОСТОЈБА НА ПАТИШТА

државни патишта
low dose naltrexone side effects what is naltrexone hcl naltrexone pellet


Podracje

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА на државните патишта во Република Македонија: Од 01.07.2016 година (сабота) ќе отпочне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Временските интервали се следни: петок : 17:00 – 22:00 часот, сабота : 09:00 – 18:00 часот и недела : 09:00 – 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Скопје - Охрид -Скопје
naltrexone capsules blog.jrmissworld.com naltrexone prescription
risperidon mod angst risperidon 30ml risperidon erfaringer


А2
E65

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА на магистрален пат А2 : Од 01.07.2017 година (сабота) ќе отпочне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите. Временските интервали се следни: петок : 15:00 – 22:00 часот, сабота : 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела : 07:00 – 22:00 часот. Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

Гостивар - Охрид


А2
E65

ГД Гранит информира дека од 27.06.2017 година се започнува со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Гостивар-Кичево (делница Гостивар до с.Колари) во должина од 28,5 км.Се работи на изведување рехабилитација на асфалтниот коловоз).Спрема сообраќајното решение за изведување на градежните работи ќе се отвараат делници сукцесивно во должина од 0,5 км. На деловите каде има три сообраќајни ленти сообраќајот ќе се одвива така што на една сообраќајна лента ќе се изведуваат градежни работи а на останатите две ќе се одвива сообраќајот. На деловите каде има само две сообраќајни ленти градежните работи ќе се одвиваат на едната сообраќајна лента а сообраќајот ќе се одвива по другата сообраќајна лента и сообраќајот ќе се регулира со семафори во должина до 500 м. Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат.Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1.Сообраќајот се одвива по една сообракајна лента и истиот е регулиран со семафори.Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообракајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно заврсувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.

Отешево - Трпејца


Р2 332

Патниот правец Р - 2332 Ресен - Охрид и обратно (преку национален парк Галичица) од 19.05.2017 е отворен за сообраќај за возила со вкупна тежина до 3.5 тона.

Скопје - Близанско (Порече)


Р1 106

Информации за движење на патниот правец низ ЈАСЕН (Од 1 април 2017 година)

Патниот правецот кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод
Скопје кон Македонски Брод 06:30 - 09:00 часот и 16:00 -18:00 часот
Македонски Брод кон Скопје 05:00 - 06:00 часот и 18:30 -20:00 часот

Информации на тел: 02/ 3115-016 или е-mail: info@jasen.com.mk.



крак Маврово-Кичево
risperidon mod angst risperidon 30ml risperidon erfaringer


А2
E65

ДГ Бетон АД Скопје известува дека почнувајќи од 27.02.2017год., поради градежни работи на магистрален пат А2, Делница Гостивар-Кичево после раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

Свети Николе - Кадрифаково
revia reviews house.raupes.net nalpraxone


А4e

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе -Штип Ве известува дека изведува градежните работи за градба на Магистралниот пат А4 , делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до км47+107,00.

Со почеток 21.05.2015 (четврток) од 9 часот ,се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) за сообраќај на Делницата на потез км 28+520(Свети Николе) до км 38+500(постојана клучка Кадрифаково) со пренасочување на целокупниот сообраќај преку Регионален пат P 1204.



Состојба на гранични премини

Богородица / излез од Р.М. :
време на чекање минимално
Состојба на граничен премин


Дојран / излез од Р.М. :
време на чекање минимално
Состојба на граничен премин


Меџитлија / излез од Р.М. :
време на чекање минимално
Состојба на граничен премин


Табановце / излез од Р.М. :
време на чекање минимално
Состојба на граничен премин


Деве Баир / излез од Р.М. :
време на чекање минимално
Состојба на граничен премин


Ќафасан / излез од Р.М. :
време на чекање за патнички-минимално
Состојба на граничен премин


Делчево / излез од Р.М. :
време на чекање за патнички - минимално
Состојба на граничен премин


Ново Село / излез од Р.М. :
време на чекање за патнички-минимално
Состојба на граничен премин


Блаце / излез од Р.М. :
време на чекање за патнички - минимално
Состојба на граничен премин