АМСМ услуги - помош на пат

Новости


ВИКЕНДОВ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ЗА НЕКОИ ОД СКОПСКИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ

10.11.2017 15:51:03

Поради утрешниот фудбалски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Норвешка на Арената Телеком во Градскиот парк и поради најавениот музички настан во ВИП Арената, како и заради најавените спортски настани во недела (атлетска трка, и ракометен натпревар), одделението за сообраќај при СВР Скопје во текот на викендот (11/12.11.) ќе спроведе посебен сообраќаен режим на сообраќајниците во непосредна близина на двата спортски објекти како и трасата на атлетската трка.

Утре (11.11.) во периодот од 18,30 часот ќе има пренасочување на сообраќајот на сообраќајниците кои гравитираат околу фудбалскиот стадион во градскиот парк. Додека пак од 20,00 часот поради настанот во ВИП арената периодично ќе има пренасочување на сообраќајот на сообраќајниците кои гравитираат околу објект – булеварот “8-ми Септември“ и ул. “Бледски Договор“.

Во недела (12.11.) во периодот од 16,00 до 18,00 часот ќе се одвива Атлетска трка чијашто траса ќе биде по улиците: старт од плоштад Пела, лево под подземниот премин ГТЦ, десно по ул. „Филип Втори“, десно по бул. „11-ти Октомври“, десно по ул. „Никола Вапцаров“, така што овие сообраќајници ќе бидат затворени за сообраќај. Потоа од 19,00 часот поради ракометниот натпревар помеѓу Металург – Монпеље во ВИП арената повторно ќе има периодично пренасочување на сообраќајот на сообраќајниците – бул. “Осми Септември“ и ул. „Бледски Договор“.