АМСМ услуги - помош на пат

Новости


Протокол за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Република Северна Македонија

15.06.2020 11:34:23


Според одлука на Владата на Република Северна Македонија, од 15 јуни 2020 година се дозволува непречен транзит на странски државјани низ територијата на Република Северна Македонија, со задолжително почитување на Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Република Северна Македонија од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за надворешни работи.

Протокол

1. Државјаните на други држави кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, до целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, можат да ги користат следните гранични премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Кафасан, Блаце и аеродром Скопје.

2. Транзитот подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг од претходно наведените премини, со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат, тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа.

3. Лицата кои транзитираат можат да ги користат услугите на постојните бензински станици кои се на нивната рута, но со задолжително почитување на сите протоколи на Министерството за здравство кои се во сила, со цел спречување на внесувањето и ширење на Корона вирусот COVID-19 и сите задолженија кои произлегуваат од истите. Компаниите на бензинските станици се должни да спроведат засилени контроли и надзор над примената и почитување на мерките и надзор при спроведувањето на истите.

4. Во функција на обезбедување на непречен транзит, се воведува нова Изјава (во прилог на овој протокол) која странските државјани треба да ја пополнат на влез на територијата на Република Северна Македонија, граничната полиција да ја завери, а која при излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот.

5. Непочитувањето на правилото под точка 4 на овој Протокол, односно губењето на Изјавата може да има за последица лицата кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија да бидат упатени во државен карантин, со цел проверка на нивната здравствена состојба.

6. Со влегувањето во сила на овој Протокол престанува обврската за странските државјани да го најавуваат својот транзит преку нивните дипломатско - конзуларни претставништва, што беше услов за спроведување на транзитот.

Извор: Службен весник на РСМ / 13 јуни 2020/ бр.157