АМСМ услуги - помош на пат

Новости


Наплатната станица „Демир Капија“ на автопатот А1,отпочна со наплата на патарина

09.11.2020 11:44:47


Од 28 октомври, на автопатот А1, отпочна со работа наплатната станица за патарина „Демир Капија“.

Новата делница која се наплаќа е Градско - Демир Капија (и обратно), и чини според категории:

I-A : 50 денари
I-B : 80 денари
II : 130 денари
III : 230 денари
IV : 340 денари

Стариот пат Велес - Демир Капија е отворен за сообраќај и на него не се наплаќа патарина.