АМСМ услуги - помош на пат

Новости


Систем за наплата на патарина со еден „таг“ во Македонија и Србија

30.06.2023 13:20:08

Системот за заедничка електронска наплата на патарина со примена на еден „таг“ при патување во државава и во Србија ги помина успешно сите тестирања, подготвен е за употреба и е функционален, информираат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Проектот беше најавен во септември 2021 година  во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, а стартен датум за примена е 1 јули 2023 година.

 

Ќе функционира на начин што наместо да запираат или да купуваат дополнителен уред или картичка, возачите од двете земји ќе може со еден уред да платат патарини и во Северна Македонија и во Србија.